3.000 кавадарчани втор ден без вода

Околу 3 илјади кавадарчани втор ден се без вода за пиење бидејќи има дефект на водоводната линија.

Според Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, се работи за дефект во близина на местото каде што пред неколку дена имаше голем дефект и кога дел од кавадарчани 3 дена останаа без вода за пиење.

- Проблемот повторно ќе се надминува со бај пас. Истовремено ќе се копа нова линија долга 350 метри која би требало да биде готова за 5-6 дена. Кавадарчани кои немаат вода ќе ја добијат во најкус може рок, нашите екипи интензивно работат на терен, рече Прескакулев.

Без вода за пиење се жители на градот од горната зона запад, како и жителите на селата Шивец, Возарци, Трстеник. 

најчитано сега