Град Скопје: Средствата за субвенционирање печки на пелети се исцрпени

По пристигнатите 260 барања и врз основа на првичната проверка на пристигнатите барања за доделување субвенции за купување печки на пелети средствата предвидени за оваа намена се исцрпени, информира денеска Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, комисија за спроведување на јавниот повик во наредниот период ја продолжува теренската проверка.

Буџетот за оваа намена изнесува 5.890.000 денари, а исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави.  

 
 
20.10.2016 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега