Крвав викенд во Тетово: Сакал да помогне па настрадал
Во11 часот синоќа во Полицијата во Тетово дошол 35-годишниот М.А. од селото Беловиште-Тетово и пријавил дека истиот ден околу полноќ со негова 17 годишна другарка од Гостивар, седеле во Тетово на улицата „Борис Кидриќ“ каде консумирале алкохол, од што на другарката и се слошило и отишла во тоалет кој се наоѓал во угостителски објект во непосредна близина. Бидејќи истата подолго се заджала, М.А. отишoл да види што се случува, при што зесега непознато лице му рекло да излезе надвор ако не сака проблеми. Тој излегол надвор, а по околу 5 минути пробал пак да влезе во објектот со цел да ја викне другарката, но бил спречен од страна на 10тина лица, кои без повод и причина почнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на левото око во вид на црвенило.
Се превземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа