Од Сопиште до Кисела Вода и Аеродром ќе се вози по нов булевар

 

Привршува изградбата на булеварот „Србија“, а со тоа населеното место Сопиште ќе се поврзе со населбите Припор, Кисела Вода и Аеродром. Ќе се овозможи побрзо, побезбедно и поефикасно движење. Новата сообраќајница, која е долга 860 метри, ќе има четири ленти и средишно зеленило, како и тротоари од двете страни на булеварот. Инвестицијата чини 100 милиони денари.

Проектот за изградба на булеварот вклучува и изградба на кружен тек со дијаметар од 36 метри на сегашната последна автобуска постојка на линијата со број „24“.

Кружниот тек ќе има две коловозни ленти со широчина од 4,75 метри, а ќе има и пешачки патеки. Работите на терен викендов ги проверија и владини претставници.

Се очекува дека изградбата на оваа нова сообраќајница значително ќе се намали сообраќајниот метеж во населбата Кисела Вода, а ќе се добие и пократка врска кон Аеродром.

Се очекува до август следната година да завршат градежните активности.

 

 
 
25.10.2016 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега