Се обновува сообраќајот во Црниче - еве кои улици ќе бидат еднонасочни

Општина Кисела Вода почна со реализација на проектот за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населбата Црниче.

Проектот, како што информира општина Кисела Вода, има за цел растоварување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при Град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците „Партение Зографски“, „Христо Узунов“ и дел од „Серска“, каде активностите се веќе завршени. Ќе бидат опфатени и улиците „Жванска“, „Дамбени“, „Баница“ и „Наум Охридски“.

- На овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крајот на месецов, соопшти општина Кисела Вода. 

Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.

 
 
25.10.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега