Mостот во Mаџари за првпат ќе добие осветлување

Градот Скопје деновиве ги почна работните активности и за првпат мостот во Маџари ќе добие осветлување. Екипите на терен поставуваат шест нови канделабри, а се работи и на поставување на потребните инсталации.

Со поставувањето на осветлувањето на овој мост во населбата Маџари, ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.

На терен работат екипите на Дигитал ДОО Струмица, а Градот Скопје за овој проект од буџетот ќе потроши околу 774.000 денари.

 
 
26.10.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега