Млада тетовчанка со солзи во очите дошла во полиција: Ве молам, уапсете го мојот сопруг

Триесет и петгодишната М.К. од тетовска Брвеница, вчера пријавила семејно насилство што дента околу пладне го извршил нејзиниот 46-годишен сопруг Д.К.

Значително алкохолизиран, Д.К. дошол дома и почнал да ја крши и оштетува покуќнината и со тупаници да ја удира пријавителката.

Набрзо, тој е приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а М.К. побарала кривичен прогон, зашто подолго време психички и физички го малтретирал семејството.

 
 
28.10.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега