Утрово смрзнувачка во Македонија: Еве каде е измерена најниска температура

Утрово најстудено во Лазараполе, Берово и Маврово со измерени минус три степени. Според мерењата еден степен под нулата било во Крушево, нула во Скопје, Пожар, Тетово, Прилеп, Битола, Демир Капија, 2 во Пожаране, Крива Паланка, Струмица, 3 во Ѓуриште, Тополчани, Охрид, 4 во Претор, Виница, 5 во Штип и Куманово и 8 степени во Дојран и Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност претпладне. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево и посвежо, со мала до умерена облачност претпладне. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималната температура до 13 степени.

До среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во јужен. Во среда и четврток ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во четврток ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок и врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.

 
 
31.10.2016 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега