Преживеале хорор на улица во Скопје

Во текот на ноќта во 22 часот и 40 минути во полиција се јавил 18-годишниот Р.О. и пријавил дека околу 21 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, додека се шетал со неговите другари и соседи, 21-годишниот Ф.К. и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица.

Според податоците од полицијата, насилниците без повод и причина физички  ги нападнале Р.О. и неговите пријатели. Ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1.000 денари. додека Ф.К. и едниот малолетник успеале да побегнат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците и за целосно расчистување на случајот.

 
 
31.10.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега