Се богател продавајќи украдени огревни дрва - кривична за трговец од Липково

39 годишниот О.А. од Гошинце - Липково се богател нелегално продавајќи огревни дрва. 

Според полицијата, О.А., управител во ДПТУ „Шиќо Комерц“ ДООЕЛ Гошинце, во текот на 2013 година, во неговата фирма прибавувал и складирал украдено нежигосано огревно дрво. На 11. јули, бил  извршен претрес во складот на фирмата каде се пронајдени 131,74 метри кубни дрва.

О.А. нелегално си заработил 637.483 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против О.А. за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против правното лице за кривично дело„ прикривање“.

05.08.2013 - 13:32

најчитано сега