„Само за ТЕБЕ Чаир" - Меџити го претстави официјалното мото за локалните избори
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за локалните избори: „Само за ТЕБЕ Чаир".
Меџити истакна дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која го претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на општината Чаир
Тој, во состанокот со Форумот на жени на ВЛЕН, потсети дека Чаир секогаш има дадено многу за општествените, политичките, образовните и културните вредности на Албанците во Македонија и пошироко.
„Ќе гo дадеме целoтo наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани," – изјави Меџити.
Инаку, инспирацијата за мотото на кампањата доаѓа од песната „Само за тебе" на рок-бендот Telex кој потекнува од општина Чаир-Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа