Детали за страшната сообраќајка кај Зајас: Три млади лица го загубија животот во трагичната несреќа

 

Три помлади лица од околните села го загубија животот во трагичната сообраќајка кај Зајас, која се случи денеска околу 19:30 часот, потврдуваат од СВР Охрид за Прес24.

Идентитетот на трагично загинатите сеуште не се соопштува.

Сообраќајот се одвива со прекини и возилата се пропуштаат наизменично во двата правци.

Увидот на полицијата и јавниот обвинител на лице место сеуште трае.

Инаку сообраќајката се случи откако автомобил Форд удри во трактор, кој на патот возел без светла.

 

 
 
02.11.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега