Прегазен пешак итно префрлен на Ургентен во Скопје

 

Во 17 часот и 40 минути на регионалниот пат Тетово-село Пирок, во селото Долно Палчиште, се случила сообраќајна незгода во која 58-годишниот И.А. од селото Голема Речица, управувајќи со возило „Фолксваген Кеди“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Според податоците на полицијата, се работи за 74-годишниот Б.С. од селото Новаќе. Тој итно бил пренесен во Клинички центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 
 
07.11.2016 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега