Сообраќајна несреќа во скопски Капиштец - едно лице итно пренесено во болница (ФОТО)
Најмалку едно лице повредено во сообраќајна несреќа која се случи пред околу еден час на крстосницата на улица „Народен фронт“ и „Франклин Рузвелт“ во скопски Капиштец, кај Министерството за економија.
Фото: Телеграф.мк
Во сообраќајна несреќа учествувале автомобил „Опел корса“ и такси возило.
Возачот на „Опел корсата“ веднаш бил пренесен во болница со возило на Брза помош, но сеуште нема информации за какви повреди станува збор.
Во такси возилото имало и патник кој го напуштил местото по несреќата.
Полициски увид е во тек, подоцна ќе има подетални информации за причините на нереќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа