СИТЕЛ: Економијата останува во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и за овие избори
Четири нови инвестиции, за над 1300 нови работни места. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, вчера најави влез на чешката компанија Локо трнас која се занимава со железнички транспорт и шински возила. Ќе вработи најмалку 600 луѓе, во прва фаза ќе има меѓу 150 и 200 вработвања.
„Тие планираат да отворат нов погон за одржување на шински возила во Скопје, со кој ќе ги сервисираат активностите поврзани со железнички транспорт на компанијата во повеќе земји од поширокиот регион.Се планира инвестиција во вредност од 20 милиони евра, и се очекува изградбата да почне во првата половина на 2017-та, и за неполна година да започнат со работа“, рече Грувески.
Втората компанија е американска корпорација која ќе обезбеди 300 работни места во Битола.
„Тие обезбедуваат техничко административна поддршка на осигурителната индустрија, маркетинг услуги и преку социјалните медиуми, и медицинско кодирање на итни центри за грижа во Америка. Она што е предност е што ќе се вработат млади и добро квалификувани дипломци за што ќе се обезбеди и професионален тренинг, рече Груевски.
Словечека компнија која ќе инветсира во Криава Паланка е третата инветсиција најавена вчера. С еработи за браунфилд фабрика за производство на ранци за деца која ќе вработи 50 тина лица.
Четвртата компанија е Амфенол која веќе има две фабрики во Кочани. Американскиот гигант најавува изградба на трета фабрика која ќе биде готова до средината на следната година. Во неа ќе работат 400 нови работници или вкупно во Амфенол ќе има 2500 работни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа