Автомобил се заби во камион: Едно лице итно на Ургентен во Скопје

Околу 08 часот и 30 минути на клучката на подвозникот кај селото Удово се случила страшна сообраќајна незгода помеѓу тешко моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, со кое управувал 58-годишниот струмичанец Б.К. од Струмица и возило „Фиат Мареа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од една година постарата А.И. од Демир Капија.

Според податоците од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.С. од Демир Капија која итно била пренесена на Ургентен во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

 

 

 
 
09.11.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега