Драма во Куманово: Го претепале па ограбиле

 

Кумановчанец остана без се што има преку ноќ. Во селото Отља во кумановско три засега непознати лица извршиле разбојништво во куќата на 66-годишниот Т.С. Крадците влегле преку незаклучената врата и додека кумановчанецот седел во неговата куќа, физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.

Според податоците од полицијата, тие му одзеле пиштол марка „Застава“  калибар 7,62 мм, два мобилни телефони, 500 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и лична карта. 

Пријавена е уште една кражба во полиција.  Во селото Желино непознат сторител со употреба на подесен клуч и физичка сила извршил тешка кражба од куќата на 45-годишниот З.С. кој моментално е на привремена работа во Германија.

Крадецот  одзел златен накит и пиштол марка „Бул-чироки“ со рамка со три куршуми.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.

 
 
09.11.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега