НСДП: Да се организира реферндум за зеленилото пред Хотел Бристол

НСДП остро реагира на уништувањето на зеленилото во Општина Центар и е против тоа да се прави спротивно на волјата на граѓаните.

„Со оглед на тоа што зеленилото се уништува за да се изгради државен објект, НСДП ја повикува Владата на Република Македонија да го одложи извршувањето на проектот, а со тоа на Општина Центар да и се остави време да организира референдум на кој граѓаните на Центар јасно ќе ја изразат својата волја и ќе го направат својот избор на еден демократски начин. Референдумот е најдемократскиот начин граѓаните да се изјаснат дали сакаат зеленило или барокни згради во нивното место на живеење“, велат од НСДП.