Се разбудивме на минус три: Викенд временска прогноза

 

Времето во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер и со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата.

 
 
18.11.2016 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега