Хорор во Охрид: Малолетник прободен со нож

Му рекле да излезе пред продавница, па го прободеле со нож. Вистинска драма се одвивала синоќа во два часот по полноќ во Охрид, кога на 17-годишен малолетник му се јавиле и му рекле да излезе пред продавница на улицата „Питу Гули“.

Кога момчето пристигнало пред продавницата, насилник излегол од паркирано возило „Мерцедес“ и го прободел со нож.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Случајот во полиција го пријавила мајката на момчето.

 
 
20.11.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега