Трагедија во познато кафуле: Почина младо момче

Трагедија ја потресе Србија откако младо момче почина во познато кафуле. 22-годишниот Ненад Грумиќ во саботата кон неделата во кафулето Трокадеро, имал срцев удар пред бројните гости.

Трагично загинатото момче инаку живеело во Словенија. Во Трокадеро дошол во 21 часот и 30 минути со своите пријатели, па им се придружиле и две момчиња. Тие играле и пееле, а во еден момент Ненад се срушил на подот. Помогнале другарите и двајца келнери и веднаш била повикана Брза помош.

Иако лекарите дале се од себе, момчето починало по срцевиот удар. Напорите за реанимација биле безуспешни.

Грумиќ синоќа бил закопан во родното место.

 

 
 
22.11.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега