Несреќа во Сопот: Со автомобилот удрил во мазга и ја усмртил

Жител на кавадаречкото село Сопот синоќа во 20 часот и 30  минути на улица „Северен булевар" во Кавадарци со патнички автомобил марка „Форд фиеста“ удрил во мазга по што таа угинала.

Ова денеска го изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, која рече дека нема повредени лица. Посочи дека е причинета материјална штета.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци. 

 
 
28.11.2016 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега