Скопско: Мајка му не му купила ракија па ја искршил од ќотек

Во 17 часот и 50 минути било пријавено во полиција дека во 12 часот во селото Бардовци, 31-годишниот П.М. откако дошол од работа, физички ја нападнал неговата мајка В.М.

Насилникот, како што јавува полицијата, ја удирал несреќната жена со шлаканици и тупаници по лицето, рацете, дланките како и по грбот.

Причина за нападот е тоа што П.М. бил изреволтиран будејќи не му купила ракија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 
 
28.11.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега