Несреќа во Охрид: 26 годишна девојка паднала во 70 метарска провалија на Галичица

Во отсуство на охридските алпинисти, кои беа надвор од Охрид, тричасовната акција за спасување на 26-годишна охриѓанка која за влакно спаси жива глава, паѓајќи во провалија длабока 70 метри на Галичица, на непристапен терен, сред ноќ во услови на магла и ниска темература, ја изведоа припадниците на противпожарната единица кои направија херојски подвик, ризикувајќи ги сопствените животи.

 

Охридските обучени алпинисти функционираат волонтерски повеќе од 1 деценија. Тие апелираат до надлежните да го реализираат изработениот предлог проект за воведување ефикасен систем за спасување на планина кој би чинел околу 100.000 евра а се однесува на поширокиот охридско струшки регион. “Статистиката на несреќи на планина рапидно расте во споредба со она што сме ги имале пред  неколку години,кога 1 случај бил на 2 или 3 години. Сега веќе годишно се соочуваме со просечна бројка од 2-3 несреќи кои најголем дел завршуваат фатално“ вели од таму. Ова годинава е четврти инцидент на планина. Девојката помина само со повредено рамо, но и со силни трауми поради што е и хоспитализирана, а во спасувањето е повреден и еден пожарникар.

 
 
28.11.2016 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа