ТРАГЕДИЈА: Две лица загинаа во судар на автобус и автомобил на патот Штип- Радовиш - неколку се повредени
Две лица загинаа, а неколку се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 17:50 часот на патот Штип-Радовиш кај месноста викана Пилав Тепе, во која учествувал автобус на „Струмица експрес“ и патнничко моторно возило, информираат од МВР.
Според МВР, на лице место починал возачот на возилото К.Т(1973), како и сопатничката во автомобилот која се уште не е идентификувана.
Повредени се неколку лица кои се превезувале со автобусот. Увидот е во тек, а сообраќајот е во прекин.
28.11.2016 - 19:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа