Две млади девојки повредени во тешката сообраќајка на патот Штип- Радовиш, итно биле пренесени во болница

Две девојки на возраст од 19 и 22 години повредени во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш што се случи во 17:50 часот меѓу автобус на Струмица експрес и патничко моторно возило се донесени во Штипската клиничка болница.

Пациентките, како што изјави дежурниот лекар Методи Илиев, се надвор од животна опасност. Тие со возило на итната медицинска помош од Радовиш околу 19 часот се донесени во Штипската болница каде им се санирани повредите и се пуштени на домашно лекување.

– Двете пациентки беа со телесни повреди. По направените испитувања кај едната се утврди дека има набиеници, односно дисторзија на вратот. Дадена и е терапија и пуштена е на домашно лекување. Втората беше со посекотини на долна усна и набиеници на главата. Повредата и е санирна, и исто така е пуштена на домашно лекување, изјави  Илиев.

Тој додаде дека пациентите биле од Струмица и биле повредени како сопатнички во автобусот. Други пациентите од сообраќајната несреќа не се примени во Штипската клиничка болница.

 
 
28.11.2016 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега