Уште еден живот згасна на македонските патишта

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на селото Милетково, се случила сообраќајна незгода во која 42-годишниот М.К. од селото Прдејци-Гевгелија, управувајќи возило „Фиат Темпра“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во возило марка „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ управувано од 39-годишниот О.К.(39) од Гевгелија.

 Во незгодата М.К. починал на лице место а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, кој за жал не можел ништо да направи.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
 
30.11.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега