Четиригодишно дете заврши во болница откако било нападнато и изгризано од куче

 Четиригодишно момче од селото Прељубиште, општина Јегуновце, денеска во 14 часот и 40 минути било искасано по главата од куче скитник, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Настанот се случил во дворот од семејната куќа на момчето во селото. Кучето повеќепати го гризнало детето од двете страни на главата, а поради повредите веднаш било донесено во клиничката болница во Тетово за да му се укаже соодветна лекарска помош рече Јосифовски.

 
 
30.11.2016 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега