Попоски: Помали даноците за фирмите кои ќе инвестираат во спортот

 

Носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски денеска во Скопје изјави дека во новата програма предвидуваат намалување на даноците за фирмите кои ќе инвестираат во спортот.

- Го изградивме еден од најдобрите стадиони во балкански рамки, а ќе продолжиме со поттикнување на спортот, истакна Попоски.

Во тој дел, како што рече, предвидуваме намалување на даноци и давачки за приватните фирми кои ќе поттикнуваат спортски активности и кои ќе инвестираат во спортот.

- Дополнително имаме предвидено во новата програма и носење странски тренери кои ќе можат да пренесат искуство, да креираат кадар тука и конечно да обучат македонски спортисти кои ќе носат победи за Македонија, рече Попоски. 

 
 
01.12.2016 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега