Носителите на ИЕ од ВМРО-ДПМНЕ на терен: Костадиновски во Кавадарци, Дреново и Возарци

Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средба со земјоделците во Општина Кавадарци, Дреново и Возарци, на која беше разговарано за општите услови и можности се со цел поголем  развој на земјоделството, како и силната поддршка во следниот период и големи инвестиции.

На средбата беше наведено дека вкупно 600 милиони евра за следните четири години ќе бидат наменети за поддршка на земјоделците и руралните средини.

Истотака беше споменато дека субвенциите ќе изнесуваат: зеленчукот до 30.000 денари за хектар и 2,5 денари за килограм зеленчук предаден во преработувачка индустрија, како и 120.000 денари за хектар за производство во оранжерии и пластеници

– овоштарството со 90.000 денари по хектар за јагоди во контролирани услови,33.000 денари по хектар за насадиод: круша, вишна, актинидија, јаболко, праска, кајсија и цреша и 28.000 денари по хектар за останатите насадиовошје, дополнително со 2 денари за килограм се субвенционира овошје предадено во преработувачки капацитети

– винско грозје 40.000 денари за хектар

 60% кофинансирање на земјоделското осигурување проширено на сите типови на производство и на ситеризици, помошта се однесува за премии за осигурување склучени од 1 септември 2016 година до 31 јули 2017година.

– покривање на 70% од трошоците за анализа на почвата до максимални 9.000 денари

Во Општина Кавадарци се зборуваше исто и за  популарната мерка 50-50, со која земјоделците плаќаат само половина од износот на инвестицијата за купување нови трактори, друга механизација, опрема, основно стадо,подигање на насади, поставување систем капка по капка итн. Досега доделените 2.357 трактори и 7.773 парчиња земјоделска механизација и другите инвестиции се силна потврда за интересот на нашиот земјоделец за напредок.

Значителната поддршка од државата продолжува и во следниот период со зголемена поддршка од:

-60% на инвестициите за модернизација на земјоделството преку ИПАРД 2 програмата. Земјоделците ќе може да сметаат на најмалку 60% поддршка од државата во набавката на трактори, механизација, опрема, подигање на овошни и лозови насади, реконструкција на објекти за одгледување на стока со почетокот од 2017 година.

–80% од трошоците за инвестициите за системот капка по капка и за копање на нови бунари ќе бидат покриени од страна на државата.

 

 
 
04.12.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега