Им се јавил на родителите па се самоубил: Александар го остави цело маало во шок

Вистинска драма се случи вчера во Србија кога 36-годишниот Александар Ранковиќ во семејната куќа, зборувал на телефон со своите родители, па се разнел со бомба кашикара.

Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство, доека неговите најблиски велат дека сигурно било несреќен случај.

Родителите на Александар денеска се обидуваат да најдат утеха, но безуспешно. Соседите велат никој не знае зошто соседот се самоубил со бомба. Велат дека пред трагедијата се вратил од работа, се видел со девојката, бил со родителите, а потоа без никој да знае зошто се разнел.

Според соседите имал работа, неговите имале солидна пензија и ништо не му недостасувало.

Полицијата работи на случајот.

 
 
06.12.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега