СЕХА: Вардар останува непоразен , освои бод на гости кај Веспрем!

Ракометниот клуб Вардар остана непоразен во СЕХА ракометната лига откако македонскиот првак одигра 28-28 на гостувањето против Веспрем.

„Црвено-црните“ покажаа извонреден карактер враќајќи се од негатива од четири гола, воедно од „минус три“ на помалку од три минути до крајот, за да стигнат до нерешен исход откако Игор Карачиќ погоди од седум метри на крајот од мечот.

Најдобри поединци кај Вардар на денешниот меч беа Лука Циндриќ со шест и Вуко Борозан со пет гола и двајцата без ниту едно промашување.Црвено црните по овој нерешен исход остануваат на први на табелата во СЕХА лигата со 32 бода и ниту еден пораз.

 
 
06.12.2016 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега