Скопјанец се самозапалил на Исланд
Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“.
30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.
Според информациите од Директоратот за имиграција, ако барателот биде одбиен за азил, ризикува да биде депортиран и да добие забрана за повторен влез од најмалку две години и таа забрана важи за сите 26 европски земји од Шенген зоната, не само за Исланд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа