Голем пожар во Кисела Вода - загина жена
Трагедија во Кисела Вода, утрово загина жена во пожар во скопската населба Кисела Вода.
Пожарот избил на улицата Вера Јоциќ во 6 часот, во подрумските простории на објектот адаптирани за живеење на едно лице. Пожарот настанал од уред за греење. Како што пренесува Нова Македонија, за жал жена која била внатре се задушила.
Четири возила и 12 пожарникари го гаснеле пожарот.
09.12.2016 - 09:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа