Милошоски: Победа за стабилна, унитарна и економски напредна Македонија

Стабилна Македонија, унитарна, со еден официјален јазик, политичка стабилност и желба и план за економски напредок. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе извојуваат извесна и уверлива победа на престојните парламентарни избори, порача денеска од Охрид Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица.

- После две години политичка криза, за два дена ќе имаме можност да ја решиме таа криза, со достоинствени и мирни избори и почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани. Досега зборуваа политичарите, в недела ќе го имаме гласот на народот, тој одлучува за Република Македонија. Да имаме 63 пратеници, во стабилно собрание и да продолжиме со конретни проекти во интерес на сите, посочи Милошоски на последниот ден од изборната кампања. 

 
 
09.12.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега