Трагедија во Кисела Вода: Жена загина во својот дом

 

Вчера во 06,30 часот во Скопје на ул.„Вера Јоциќ“ во подрумската просторија преадаптирана во станбен простор избувнал пожар, при што од огнот и чадот која ја зафатил покуќнината, 57-годишната С.К.  се загушила и починала. Нејзиниот брат 50-годишниот С.К. по забележувањето на чадот се обидел да го изгасне огнот, но не успеал. Пожарот бил изгаснат од страна на пожарникарите.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош констатирана била смрт на С.К. Увид бил извршен од увидна екипа при СВР-Скопје по што станот бил запечатен. Со наредба на јавен обвинтиел, телото на починатата било пренесено во институтот на Судска медицина за понатамошна постапка.

 

 
 
10.12.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега