ВМРО-ДПМНЕ: „Народот победи! - заклучокот е јасен"

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ги соопштија резултатите. Од партијата велат, народот повторно победи. Разликата е 390.000 на 370.000. 

- Не потклекнавме и останавме на нозе, велат од партијата.

Во моментов ВМРО-ДПМНЕ има 20.000 повеќе гласови.

- СДСМ е партијата која еднаш и никогаш повеќе не победила на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ и се заблагодаруваат на поддршката од сите граѓани. Велат секој глас е важен и се брои.

Од партијата посочуваат дека СДСМ има предност во албанските краеви.

Во Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа, 19.000 наспроти 15.000. 

Македонски Брод - 2.600 наспроти 2.200 за СДСМ.

Во Сарај ВМРО-ДПМНЕ загуби од СДСМ со 5:1.

ВМРО-ДПМНЕ во Бутел има 9.000 гласови, додека СДСМ има 7.800.

Најдобри резултати има во Радишани и Љубанци.

Во Гази Баба победата е 7.000 разлика за ВМРО-ДПМНЕ.

Во Ѓорче Петров тесна трка но победа за ВМРО-ДПМНЕ.

Во Шуто Оризари СДСМ има 2.500 гласови ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата 5.000 гласа или 2.500 разлика.

Од друга страна во Диво Насељњ има убедлива победа на СДСМ.

Велес 3.500 разлика, СДСМ 13.000, ВМРО-ДПМНЕ 16.500 гласови. Голема победа и во Градско и Штип.

Во Пробиштип ВМРО-ДПМНЕ победува со 4.800 гласа, додека во Илинден со 6.400 гласа, таму е 2:1.

ВМРО-ДПМНЕ победува и во Петровец, како и Кочани, каде има 9.300 гласа за СДСМ, 10.500 за ВМРО-ДПМНЕ.

Крива Паланка 5.900 за СДСМ, 6.500 за ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ нема победено во ниедна општина од третата изборна единица.

СДСМ во Прилеп има 22.300, ВМРО-ДПМНЕ 22.500 гласа.

Во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ води. Во Неготино победа со 1.100 разлика за ВМРО-ДПМНЕ.

Во Охрид значајна разлика, СДСМ 14.700, ВМРО-ДПМНЕ 16.800 гласа. Победа и за кичевчани, СДСМ 4.700, ВМРО-ДПМНЕ 7.600 гласа.

ЗНачајна победа и во Струга, но и села и населени места во кои води СДСМ.

СДСМ во шестата единица има убедлива победа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
11.12.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега