ВМРО-ДПМНЕ Битола: Се оградуваме од однесувањето на поединец за прославата - победите ги славиме достоинствено

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не поддржувало и нема да поддржи деструктивно и навредливо однесување кон политичките противници. Тоа не е начинот на кој што партијата делува на политичката сцена, реагираат денес од битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Противникот мора да се почитува без разлика какви средства употребувал тој во политичката борба.

ВМРО-ДПМНЕ се оградува и го осудува начинот на кој што поединец се однесувал за време на прославата на победата, навредувајќи ги поразените.

ВМРО-ДПМНЕ победите ги слави достоинствено и со почит кон противникот.

 
 
13.12.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа