Млада девојка пронајдена мртва во стан во Скопје

Во текот на вчерашниот ден била пронајдена мртва девојка во стан во Скопје.

Од полицијата јавуваат дека во 19 часот и 26 минути, И.Т. пријавил дека во селото Сарај, скопско, во стан на улицата „20“, ја пронашле почината нивната внука. Се работи за 24-годишната С.А. од Тетово.

Истата е пронајдена во станот од страна на нејзиниот дедо кој насилно ја отворил вратата. Дедото и нејзините браќа изјавиле дека истата била душевно болно лице.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

 
 
13.12.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега