Драма за семејство од Тетово - исчезна млада девојка

Драма за семејство од Тетово, исчезна млада девојка. Во полиција триесетина минути по полноќ А.И. од селото Бозовце, со место на живеење во Тетово, пријавил дека неговата ќерка, 21-годишната Д.И. која била мажена во селото Камењане, на 10 дошла на гости кај него и на 11 околу 18.30 часот излегла и заминала во непознат правец.

Од тој момент истата не се вратила, ниту пак се јавила да им каже каде се наоѓа. Неколку пати се обидел да ја побара на телефон, но истиот и бил исклучен.

Таткото заедно со зетот се обиделе да ја пронајдат, барајќи ја кај роднини и пријатели.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
 
13.12.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега