Поповски од СДСМ: Изборите чисти без приговори -изборниот процес завршен

Поранешниот пратеник и министер од СДСМ, Никола Поповски во дебатна емисија на ТВ Телма изјави декаизборите се чисти, приговори нема и изборниот процес е завршен. Дури и самите опозиционери самите признаваат дека изборите минале без нерегуларности.

-Никој од трите лидери а тие се најважните не кажа дека процесот има нерегуларности или дека ќе бара некакво прегласување што е многу важно тоа значи дека нема да има втор круг никаде ако добро сфатив, иначе логично е дека ако нешто мислиш дека влијае на твојот резултат маргинално и  се обидуваш да го промениш, да го најавиш во својот говор да кажеш дека имаше нерегуларности за кои пооднесовме жалба, никој не го кажа тоа значи дека треба да го прифатиме процесот како завршен, вели Поповски.

 
 
13.12.2016 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега