Тодоров гостин на Канал 5: Некој се обидува да ја фалсификува волјата на граѓаните на Македонија, а седум невини луѓе да ги стави во затвор

Некој се обидува да ја фалсификува  волјата на граѓаните на Македонија, ова е скандал од невидени размери и да на ваков начин да ја погазиш волјата на граѓаните и тоа така ладнокрвно да се прави сето тоа не е видено во понавата македонска историја, изјави Никола Тодоров во вестите на Канал 5.

-Посебно говорам на прифаќањето на поднесениот приговор од страна на политичката партија Беса и кога донесоа една жена која тврдеше дека некој друг гласал за нејзе и дека не и било дозволено да гласа. А со оваа одлука јас не знам дали се свесни мнозинството на ДИК што направија? Со оваа одлука тие одлучија во затвор да пратат 7 невини луѓе, со оваа одлука тие одлучија да не веруваат на членовите и замениците членови на избирачкиот одбор кои што јавно тврдеа дека кај жената се покажани остатоци од спреј кој го покажала УВ-ламбата, потписот како и споредбата на фотографијата на личната карта со нејзиниот идентитет и сето тоа се погазува врз основа на едно нарачано графолошко вештачење кое што е направено целосно спротивно на законот, вели Тодоров.

Тој исто така во интерјуто додава и дека Фатиме Сулејмани била дојдена со најновото Ауди А8, а тоа доведува до прашањето кој ја донел жената пред ДИК, како и дека седум невини луѓе се ставаат во затвор поради нечие сценарио.

Целото интервју погледнете го во продолжение.

 

 
 
16.12.2016 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега