Времето утре со ново изненадување - подгответе се!

 Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус пет, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена облачност, а ветерот и понатаму ќе биде претежно од северен правец. Утринските температури ќе бидат без позначителни промени, додека максималните дневни ќе бидат во благо покачување. Во понеделник се очекува да се движат од седум до 14 степени. 

 
 
21.12.2016 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега