АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да помогнеме малиот Давид да избегне ампутација на нога

Битката за враќање во нормален живот за младиот кратовец Давид Стојановски (13) продолжува.

Момчето кое боледува од остеобластична саркома (малигна неоплазма во коленото), по кратко подобрување на состојбата, повторно има влошена здравствена состојба, објави локалниот кратовски портал „Аберџија“.

Неговиот родител Игор добил предлог од лекарскиот тим на скопските клиники да му биде ампутирана едната нога и со тоа да се реши проблемот со малигнитетот. Во меѓувреме таткото бил во посета на реномирана австриска клиника, каде му гарантирале дека проблемот ќе го решат без ампутација на ногата на Давид.

Проблемот е што семејството на Давид ги нема потребните 50.000 евра, колку што бараат Австријците за операција на Давид. Во меѓувреме, Игор поднел документи за покривање на трошоците за лекување од страна на Фондот за здравство, но постапката е во тек и сеуште не се знае дали средствата ќе бидат одобрени.

Без разлика на исходот, ги повикуваме сите граѓани и институции еден мал дел од својот буџет наменет за новогодишните празници да го донираат на трансакциската сметка на Давид Стојановски. Два лампиона помалку на новогодишната елка, 50 неиспукани петарди или нешто поскромна новогодишна трпеза за вработените не е нешто од што не можеме да се откажеме. Напротив, тоа е најмалку што можеме да направиме за да ја вратиме насмевката на Давид, детето кое сонува да биде фудбалер, а судбината му се заканува да му ја одземе токму ногата со која шутира.

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА : 320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска

сметка 320500026110053

 

 
 
23.12.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега