Ова се моменталните температури низ Македонија

Во Берово утрово беа измерени – 11 степени, во  Штип, Демир Капија и Струмица – 8, во Битола – 7, во Скопје, Дебар, Тетово и Крива Паланка – 6, во Прилеп и Куманово -5, во Лазарополе, Виница и Маврово – 4, во Претор и Охрид – 3, во Гевгелија -2, Пожаране и Ѓуриште – 1, во Тополчани и Крушево 0 и во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.

 
 
25.12.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега