Симболично сечење бадникови гранчиња

Во пресрет на православниот Бадник, денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2017.

Организатор 25-ти пат е Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче, најпрво од страна на кумот и здравичарот – Радко Манов и Љубиша Николиќ, минатогодишните кум и здравичар – Илија Малинковски и Драган Мијалковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и претставници од естрадата.

Централното одбележување на Бадник е на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

 
 
25.12.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега