Амбасадата во САД со честитка за спроведените избори

Откако со прегласувањето во Теарце финишираше изборниот процес во земјава, Амбасадата на САД упати честитка до граѓаните за како што велат мирните и уредни избори.

- „Како што претходно истакнавме, Соединетите Американски Држави им честитаат на граѓаните и на Македонија за компетитивните избори кои беа спроведени на мирен и уреден начин. Очекуваме да и честитаме и да соработуваме со новата македонска влада откако ќе биде формирана. Процесот на формирање на владата е во тек, во согласност со македонскиот устав и законите", стои во честитката.

 

 
 
27.12.2016 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега