Штериев уште четири години ќе раководи со „Македонска берза”

Иван Штериев и следните четири години ќе биде главен извршен директор на „Македонска берза” АД Скопје. Одлуката да му се довери уште еден мандат, ја донесе денеска на седница Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Иван Штериев работи во „Македонска берза” од 1996 година, а главен извршен директор е од 2005 година. Со продолжување на манадатот, функцијата ќе ја извршува до 2020-та.

КХВ денеска даде и согласност во наредните шест месеци Јосиф Костадиновски да биде раководител на Одделот за работа со хартии од вредност при „ТТК Банка” АД Скопје.

 
 
28.12.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега