Снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Слаб снег проследен со северен ветер провејува во Маврово, Крива Паланка, Железнец и планинскиот превој Пресека, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека е можна појава на помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

 
 
28.12.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега