Наполи му бара замена на Пандев - Јоветиќ на местото на македонскиот напаѓач?

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис е во преговори со Фиорентина околу евентуалниот трансфер на Стеван Јоветиќ во летниот преоден рок. Црногорскиот напаѓач се планира да го наследи Горан Пандев, кој летово ќе наполни 30 години пишува денешното издание на „Вест“.
 
Македонскиот репрезентативец има договор со Наполи до јуни 2015 година, но управата на клубот сака што побрзо да му најде соодветна замена. Згора на тоа, Пандев сезонава постигна само пет гола, што, според италијанските медиуми, е премалку за играч од неговиот калибар.
Покрај Јоветиќ, Де Лаурентис е заинтересиран за Един Џеко од Манчестер сити, Марио Гомес од Баерн Минхен и Алесандро Матри од Јувентус, но еден од нив би дошол само во случај ако Единсон Кавани си замине од Наполи.

најчитано сега